fbpx

ЦУК: Патот Берово-Струмица во прекин, сите кои се на Беровско Езеро да не тргнуваат назад

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација за сите лица кои моментнално се наоѓаат кај Беровско Езеро - да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно

-

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација за сите лица кои моментнално се наоѓаат кај Беровско Езеро – да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно.

Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.

„Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. ДЗС и Полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира: преку нивни луѓе да им достават што им е потребно“, известуваат од ЦУК.

ЦУК, УХМР и другите лужби во државата, ги информираа граѓаните секојдневно за очекуваните врнежи од снег векендов, што е препорачливо да се има предвид при севкупното планирање на викендско патување и престој во планинските предели.

Во 7 часот утринава снежната покривка во сантиметри изнесува 48 во Маврови Анови, 39 во Крушево, 21 на Попова Шапка, 13 во Ѓуриште, 4 во Берово и 3 сантиметри во Крива Паланка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...