Човекот кој се обиде да го застрела Трамп тврди дека отишол да се бори за Украина

„Њујорк тајмс“ објави детали за Рајан Весли Рут. На социјални мрежи изразил поддршка за Украина и Кина, а и го поканил Ким Џонг Ун на Хаваи, и се понудил да дејствува како „амбасадор и посредник“ за да се решат билатералните проблеми меѓу САД и Северна Кореја

-

„Њујорк Тајмс“ објави детали за Рајан Весли Рут, 58-годишниот човек кој е поврзан со вчерашниот обид за атентат врз поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп. Тој изразувал екстремни ставови и неколкупати повикувал на насилство на социјални мрежи.

Непосредно по руската инвазија на Украина во 2022 година, тој објавил на социјалната мрежа Х:

ЈАС СУМ ПОДГОТВЕН ДА ЛЕТАМ ДО КРАКОВ, ДА ОДАМ ДО ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА, ДА СЕ БОРАМ И ДА УМРАМ.

Тој дури бил и интервјуиран од „Њујорк тајмс“ во 2023 година, во рамките на текст за Американци кои се бореле за Украина. Рут, кој немал служено војска, изјавил дека отишол во Украина веднаш по нападот на Русија. Една од целите му била да регрутира авганистански војници кои бегале од режимот на талибанската влада. Дури бил подготвен да им изготви нелегални пакистански пасоши за да ги внесе во државата.

„Во телефонско интервју за Њујорк Тајмс во 2023 година, кога Рут беше во Вашингтон, тој зборуваше со самоувереноста на искусен дипломат кој мислеше дека неговите планови за како да ги поддржи воените напори на Украина сигурно ќе успеат. Но, изгледаше како да има малку трпение за тие кои би му се нашле на патот. Кога друг волонтер борец од САД му пратил порака на Фејсбук во која ги потценувал неговите амбиции, Рут рекол дека тој ‘треба да биде застрелан’“, пишува „Њујорк тајмс“.

Тој дополнително кажал за „Њујорк тајмс“ дека планирал да се сретне со претставници од  Американската комисија за безбедност и соработка со Европа, за да ги убеди да вложат повеќе средства во Украина.

Не е јасно дали Рут навистина ги сторил работите кои ги планирал, но „Њујорк тајмс“ забележува најмалку еден авганистански војник кој бил исконтактиран од него.

„Њујорк тајмс“ откри дека човек со истото име и слична возраст како Рут бил приведен во Северна Каролина во 2022 година, откако се заклучил во зграда со автоматска пушка.

Рут често изразувал екстремни и необични ставови на социјални мрежи.

„Секој од нас мора секојдневно да придонесе кон поддршка на човековите права, слободата и демократијата; секој од нас мора да им помогне на Кинезите“, стоело на неговиот профил на „Вотсап“.

Во мај 2022 година, Рут го поканил Ким Џонг Ун на Хаваи во онлајн објава. Се понудил да дејствува како „амбасадор и посредник“ за да се решат билатералните проблеми меѓу САД и Северна Кореја.

Сè уште не е докрај јасно дали Рут вчера воопшто испукал пред да почне да бега. Тој бил смирен кога бил приведен и немал оружје со себе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...