fbpx
Свет Страница 677

Свет

Лидерите од ЕУ веројатно ќе ја бојкотираат кинеската воена парада

Лидерите од Европската унија најверојатно нема да присуствуваат на кинеската воена парада со која ќе се одбележи годишнината од крајот на Втората светска војна во Азија, изјави денеска Ханс Дитмар Швејсгут, амбасадор на ЕУ во Пекинг. Швејсгут рече дека и понатаму не е јасно дали...

Конференција на телата за саморегулација во медиумите од ЈИЕ

Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Под покровителство и на иницијатива на Совет на Европа, на дводневната конференција во Будва, Црна Гора, беше официјализирано основањето на „Медиа нетикс“ - Мрежа на тела...

Франција нема да му даде азил на Асанж

Француската влада го одби барањето за азил на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, велејќи дека тој не се соочува со никаква опасност. Од Елисејската палата денеска соопштија дека врз основа на правните елементи и на имотната состојба на Асанж, Франција не може да постапува по...

Воздушни напади на сириската војска во Алепо

Сириската авијација нападна положби на бунтовниците во Алепо, како одговор на нивната офанзива која имала цел да воспостави контрола врз целиот град. Борбите се воделе во утринските часови, соопштија од Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон. Во соопштението се наведува дека бунтовниците зазеле неколку...

Асанж бара азил во Франција

Како што јави весникот „Ле Монд“ денеска, контроверзниот основач на „Викиликс“ бара азил во Франција. “Мојот живот е во опасност, господине претседател, а мојот физички и психолошки интегритет се загрозени“, му напиша тој на Франсоа Оланд во отворено писмо, напишано од еквадорската амбасада во Лондон...

Украдени 30 снајпери од полициски магацин во Црна Гора

Треисет снајпери и значително количество муниција се украдени од полициски магацин, кој се наоѓал во зграда на црногорскиот Центар за безбедност во Подгорица, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. Црногорските медиуми јавуваат дека на информативен разговор се повикани повеќе лица кои имале пристап до...

Тројца загинати во земјотрес во Кина

Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала што денеска ја погоди северозападната кинеска провинција Синџјан-Ујгурската. Кинескиот сеизмолошки центар јави дека земјотресот бил регистриран утринава во 9.07 по локално време, а епицентарот бил на 160 километри...

Пентагон: Убиен е висок член на ИД

Висок претставник на Исламска држава е убиен при воздушните напади на коалициските сили во Сирија, извршени на 16 јуни, соопшти Пентагон. Како што јавуваат американските медиуми, станува збор за Тарик бин Тахар ал Харзи, кој работел на собирање средства и доброволци за групата и на...

Иран и светските сили наскоро би можеле да постигнат договор

Маратонските преговори меѓу претставниците на светските сили и на Иран би можеле наскоро да завршат со постигнување договор, оцени Сергеј Рјабков, рускиот преговарач за прашањето на Иран. - Не можам да предвидам уште колку време ќе биде  потребно за да се реши таа ситуација, но сите...

Орбан: Лошата политика може да го зголеми бројот на мигрантите

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, изјавил дека лошата политика може да ја зголеми масовноста на миграцијата и токму од оваа причина тој одлучил да воведе цврста политика за заштита на границите. „Штитејќи ја Унгарија, ние ја штитиме Европската унија“, изјави Орбан во интервју за државното...

Грците поделени меѓу стравот и гордоста

Два дена пред отворање на гласачките места во Грција, сè уште е неизвесно дали ќе надвладее поддршката за грчката влада или, пак, поддршката за мерките на кредиторите за да се осигури останувањето на Грција во еврозоната. Анкетата на весникот „Етнос“ покажува мала предност на гласачите што ќе...

ММФ: Можно е да се отпише дел од долгот на Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека можеби ќе биде неопходно да се отпише дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа поради слабеење на структурните реформи и пад на буџетскиот дефицит, пишува во соопштението на ММФ. Фондот ја...

Почна маршот од Сараево до Сребреница

Седумдесет учесниците на Маршот на мирот „Сараево-Низук-Сребреница“ утринава тргнале од Сараево на осумдневен пат, долг повеќе од 240 километри, во спомен на неколку илјади жители на Сребреница што во јули 1995 година минаа речиси 100 километри за да пронајдат спас во Тузла. За време на маршот,...

Убиени 150 луѓе во новиот напад на Боко харам во Нигерија

Речиси 150 Нигеријци се убиени во новиот напад на Боко харам во села на североистокот на Нигерија. Поголемиот дел од убиените биле мажи кои се молеле во џамија. Повеќе од десетина екстермисти упаднале во три села во нигериската сојузна држава Борно, каде палеле куќи. Вооружените напаѓачи убиле најмалку...

ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека на Грција ќе ѝ биде потребна помош од 50 милијарди евра во новиот круг финансиска помош од крајот на октомри годинава, па сè до 2018 година. ММФ денеска соопшти дека Атина била бавна во усвојувањето на економските реформи, а...

Повеќе од 35.000 имигранти побарале азил во Србија

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во првите шест месеци од годинава 35.712 имигранти, пред сè, од Сирија и од Авганистан, изразиле намера да побараат азил во Србија. Стефановиќ, во обраќањето пред Собранието на Србија, рече дека сè уште нема податоци...

„Би-Би-Си“ ќе отпушти 1.000 вработени

„Би-Би-Си“ денеска најави дека ќе отпушти околу 1.000 вработени заради намалување на буџетот за 150 милиони фунти. Буџетот на британскиот сервис е скратен поради намалениот број луѓе кои плаќаат претплата за телевизија. Падот на претплатата е последица од тоа што сè поголем број домаќинства гледаат телевизиски...

Русија пред Европскиот суд за човекови права поради случајот од Беслан

Европскиот суд за човекови права ќе ја разгледува жалбата против Русија за начинот на кој ја решила заложничката криза во школото во Беслан пред повеќе од 10 години, кога во акција на руските специјални загинаа 334 лица, повеќето ученици. Во септември 2004 година, милитантите упаднаа...

Пукање во седиштето на американската морнарица

Американската морнарица објави дека нејзиното седиште во Вашингтон е затворено поради престрелка, јавуваат американските медиуми. Голем број полицајци и припадници на безбедносните служби реагирале на повикот од седиштето, а улиците во југоисточниот дел на градот се блокирани. Портпаролот на морнарицата, Педро Родригез, не соопшти детали за...

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих. Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...