Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, изјавил дека лошата политика може да ја зголеми масовноста на миграцијата и токму од оваа причина тој одлучил да воведе цврста политика за заштита на границите.

„Штитејќи ја Унгарија, ние ја штитиме Европската унија“, изјави Орбан во интервју за државното радио.

Говорејќи за Грција, Орбан истакна дека во иста позиција би била и Унгарија доколку во 2010 година не била единствена и доколку неговата влада не обезбедела двотретинско мнозинство.

Премиерот на Унгарија изјави дека има големи симпатии кон Грците и дека навива за нив.