fbpx

Убиени 150 луѓе во новиот напад на Боко харам во Нигерија

-

Речиси 150 Нигеријци се убиени во новиот напад на Боко харам во села на североистокот на Нигерија. Поголемиот дел од убиените биле мажи кои се молеле во џамија.

Повеќе од десетина екстермисти упаднале во три села во нигериската сојузна држава Борно, каде палеле куќи. Вооружените напаѓачи убиле најмалку 97 селани во селото Кукава.

Екстермистите убивале машки лица што се молеле во џамиите, но припадниците на Боко харам влегувале и во домовите и убивале и жени и деца.

Еден ден претходно екстремистите го нападнаа селото Мусарам, каде им наредиле на мажите да се одвојат од жените, а потоа отвориле оган на нив. Убиени се вкупно 48 лица, додека 17, со тешки повреди, успеале да побегнат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...