fbpx
Македонија Страница 1993

Македонија

Денеска последен ден за откуп на дворното место

Денеска завршува рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места по цена од едно евро за еден квадратен метар. Барање за приватизација може да поднесат граѓани или фирми кои правото на користење на градежното земјиште го имаат стекнато со правна основа (закон, тапија, судска...

Во Скопје и во Тетово енормно загаден воздух

Во Скопје и во Тетово утринава загаденоста на воздухот е енормно голема, а според индексот на загадување, нивото на суспендирани честички PM 10 е високо во неколку скопски населби. Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, загаденоста е голема...

Повеќе закони на 25. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 25. седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за заштита на културното наследство, Законот за контрола на извоз на стоки и на...

Видливоста на патиштата е намалена на 50 метри

На патните правци Велес - Скопје, Велес - Штип, Катланово - Велес, во Тетово, Македонски Брод, Срамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево и во Струмица, поради појава на магла, видливоста е намалена на 50 метри . АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената...

Сончево време со магла по котлините

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, а во котлините се очекува да има магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 13  Целзиусови степени.

Остри први реакции: Понижувачки се новите владини мерки во образованието

Професорите остро реагираат на новите предлог-законски решенија што Владата ги донесе на вчерашната седница. Велат дека со новите мерки, власта само ја понижува академската јавност и дека народот мора да излезе и да се побуни затоа што водат кон распродавање на државата. Професорот Љубомир Цуцуловски вели...

Премиерот Груевски со владина делегација во посета на Саудиска Арабија

Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски од денеска е во посета на Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите. Владината делегација, покрај премиерот, ја сочинуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, и заменик-министерот за економија,...

СДСМ: Владата е исплашена и затоа носи избрзани образовни измени

Владата на Никола Груевски се исплаши од громогласното „не“ за т.н државен испит и затоа одлучија да го промовираат во недела, завтикан во куп избрзани образовни измени, за коишто, за некој месец ќе треба некој нов државен испит, стои во писмената реакција на СДСМ...

Владата усвои предлог-закони за образованието, СДСМ обвини за „насилство“

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик Спиро Ристовски денеска на прес-конференција информираа дека синоќа на владина седница биле усвоени неколку нови предлог-законски решенија за високото образование, а меѓу нив и предлогот за воведување државен испит. Како што информираа министерот и неговиот заменик,...

Најавен протест против измените на законот за хонорари

На социјалните мрежи се организира протест против измени во законот  за плаќање придонеси за хонорарите. Протестот е закажан за следниот понеделник на 22 декември, а ќе почне пред зградата на Собранието, по што ќе продолжи до Министерството за труд и социјална политика и до Владата. На...

Времето денеска сончево и тивко

Во Македонија времето денеска се очекува да биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се движи од - 1 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 14 степени. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има магла, која во текот на денот се очекува...

Владата со пакет мерки за надомест на штетите од болеста син јазик

Владата подготви пакет мерки кои треба да им помогнат на сточарите да ги надоместат штетите од болеста син јазик, од која оваа година угинаа околу 18.000 овци, информираше денеска министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. - Со одлука на Владата, сточарите ќе бидат ослободени...

МВР: Проверуваме дали полицајци соработувале со осомничените во „Чекан“

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека ги проверуваат индициите за можна поврзаност на вработени во гостиварската полиција и во други државни институции со осомничените што беа уапсени во акцијата „Чекан“. - МВР почна со проверки и на работењето на надлежните државни институции, вклучувајќи ја и...

Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Околу 200 граѓани, со заштитни маси на лицата и со пароли „Стоп за еколошкиот геноцид“, денеска протестираа пред комбинатот „Југохром“, објави „Нова ТВ“. Организатор на протестот е движењето „Еко герила“, чии членови уште еднаш побараа од раководството на комбинатот да постави филтри на оџаците. - Протестираме...

Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

Досегашниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани од дневниот весник „Вест“, со освоени 154 гласови, повторно е избран за претседател и во наредните четири години ќе го предводи здружението на новинари. Неговиот противкандидат, Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, на денешните избори...

Извршителите годинава наплатиле 73 милиони евра

Седум милијарди денари, или околу 73 милиони евра, наплатиле извршителите во изминатите девет месеци, рече претседателот на Комората на извршители Зоран Петрески, на вчерашната презентација на годишниот извештај. Според него, оваа година се наплатени помалку средства во споредба со предходаната, 2013 година. Најголем дел од дожниците се...

Повеќе од 1.500 битолчани протестираа за чист воздух

Повеќе од 1.500 битолчани денеска, точно напладне, го почнаа вториот протест организиран од здружението „Битола сака чист воздух“, јави дописникот на „Мета“ од Битола. Придружувана од тропотот на неколку барабани и од постојани свирежи, колоната се протегаше од платото кај некогашниот Офицерски дом, преку Широк сокак...

ЗНМ со декларација побара ослободување од вина на новинарот Томислав Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на денешното редовно изборно собрание, едногласно усвои Декларација за Томислав Кежаровски, со која побара негово ослободување од вина. - Ние, македонските новинари, и денеска и одовде од изборното собрание на ЗНМ, упатуваме уште еднаш силна поддршка за нашиот неправедно...

Државниот грб ќе се смени, за знамето не се разговарало

По најавите на Владата за промена на државниот грб, во јавноста се појавија шпекулации дека тоа е вовед и во промена на знамето. Од Владата ова го негираат и велат дека досега за тоа не се разговарало, но не откриваат дали постојат вакви планови за...

Уште еден кандидат за нов претседател на ЗНМ

Актулениот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, кој беше единствен кандидат за нов претседател на здруженито, кој се избира денеска, доби противкандидат, јавува „Радио Слободна Европа“. Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, својата кандидатура ја достави денеска, на денот на гласањето. ЗНМ...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...