fbpx

Извршителите годинава наплатиле 73 милиони евра

-

Седум милијарди денари, или околу 73 милиони евра, наплатиле извршителите во изминатите девет месеци, рече претседателот на Комората на извршители Зоран Петрески, на вчерашната презентација на годишниот извештај.

Според него, оваа година се наплатени помалку средства во споредба со предходаната, 2013 година. Најголем дел од дожниците се физички лица (85.538 лица), потоа фирми (17.559) и  државни органи (3.505).

На листата на државни фирми, еден од најголемите должници е „Македонија пат“.

Според бројките во извештајот, најмногу пари се наплатени од фирмите, односно околу 3,5 милијарди денари, од граѓаните 860 милиони денари, а од државата 130 милиони денари.

Од вкупниот износ на наплата, најмногу средства по региони се наплатени на подрачјето на Скопје, а најлоша била наплатата во источниот дел на државата, односно градовите Кочани, Берово, Виница и Делчево.

Од комората на извршители велат дека во Македонија има вкупно 99 извршители, што според нив е премногу.

Според законот, предвидено е во Македонија да има дури 135 извршители.

А.Д.Г.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...