fbpx
Македонија Страница 1762

Македонија

Конференција за Западен Балкан во Виена

Во Виена денeска почнува дводневната конференција за Западен Балкан, како продолжение на берлинскиот процес, инициран минатата година од германската канцеларка Ангела Меркел. На конференција ќе се потпише договор за разграничување на Црна Гора со БиХ, додека за попладнево е најавен „Форум за цивилно општество на Западен Балкан“...

Груевски на отворање на фабриката „Техникал текстајлс“

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворање на фабриката на германската компанија „Техникал текстајлс“ во Tехнолошко индустриската развојна зона – Штип. Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за инвестиција.

Предлог-законот за безбедност на собраниска седница

За возење без сигурносен појас, возачите во иднина ќе плаќаат глоба од 40 евра во денарска противредност или пак ќе им бидат впишани 25 негативни поени во возачката книшка. За непропуштање на пешаци казната ќе достигнува до 200 евра во денарска противредност. Ова се мал...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Максималната дневна температура ќе достигне 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Дневната температура ќе се искачи до 33 степени.

Пожар во градската депонија во Велес

Големиот пожар кој попладнево изби на велешката градска депонија се уште е активен. Во гасењето на пожарот повеќе часа работат вработени во Противпожарната единица во Велес и Јавното комунално претпријатие „Древен“ кое стопанисува со депонијата. Моментално пожарот се гаси со три цистерни, а како...

Средба на Заев со пратеникот во ЕП, Реинхард Бутикофер

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со делегација на Европската зелена партија предводена од пратеникот во Европскиот парламент, Реинхард Бутикофер. Како што информираат од СДСМ, на средбата се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија и демократските предизвици со кои се соочува државата. Во...

Ван Хојте: Преговорите одат тешко, но оптимист сум дека ќе успеат

По завршувањето на средбата на претставниците на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино за разгледување на Избирачкиот список, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте најави дека работната група ќе продолжи да работи и во наредните неколку месеци, објави „Телма“. - Секако дека има напредок. Моментално...

УНИЦЕФ: Децата-мигранти мора да добијат посебна грижа и внимание

„УНИЦЕФ формираше простор прилагоден за деца опслужуван од мобилна екипа во близина на Гевгелија, кај границата со Грција, со цел да понуди помош и поддршка за жените и децата што мигрираат низ  Македонија“,  информираат од УНИЦЕФ. „Просторот прилагоден за деца е формиран во рамките на...

Сугарески координатор на пратеничка група, Дескоска потпреседателка на Собранието?

Петре Шилегов портпаролот на СДСМ да биде претседател на Анкетната комисија за прислушување, а Рената Дескоска потпретседателка на Собраниетo. Ова се дел од предлозите кои наводно ги договорил лидерот Зоран Заев на средбата со пратениците во Берово. На средбата опозицијата потврди и дека се враќа во...

Работни групи: Се доближија за избирачкиот список, се одалечија за дијаспората

Заврши средбата на работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, во Клубот на пратеници во обид да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Дознаваме дека сепак е постигнат мал напредок околу активната регистрација на...

Собраниските комисии за надзор на тајните служби ги чекаат пратениците на СДСМ

Седницата на Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Агенцијата за разузнавање (АР) закажана за денеска, беше одложена бидејќи владејачкото мнозинство одлучило да ги почека пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието на 1 септември. На денешната седница...

„Лекари без граници“ со месеци не добиваат дозвола да им помагаат на мигрантите

Веќе неколку месеци од меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ се обидуваат и не можат да добијат дозвола од Министерството за здравство за да им помагаат со медицинска нега на бегалците кои доаѓаат во Македонија, објави „Нова тв“. Порталот пишува дека неколку лекари подолго време...

Поповска: ЛГБТИ луѓето се оставени како сираци од својата држава

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска изјави дека Законодавно-правната комисија на Собранието го губи својот кредибилитет. Поповска вели дека при сите нејзини аргументи, Комисијата ги одбива дополните на Законот за спречување и заштита од дискриминација со зборовите сексуална ориентација и родов идентитет, како основи...

Иванов: Македонија се соочува со закани

Претседателот, Ѓорге Иванов вчера се сретна со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство, во рамки на амбасадорскиот совет што се одржува во Министерството за надворешни работи. На средбата се разговарало за работата и активноста на македонската дипломатија, приоритетите поврзани со интеграцијата на земјата...

Странски експерти: Заштита од идни поплави со регулирање на водотеците

Следење на ситуацијата со ерозијата на земјата и нејзино мерење и информирање на граѓаните со цел подигање на јавната свест за нивниот однос кон природата, се само дел од краткорочните препораки на странските експерти, за заштита од можни идни ерозивни процеси и поплави во...

„Аналитика“: На тајните служби им требаат темелни реформи, а не козметика

Темелни реформи наместо козметички промени, зацврстување на механизмите за внатрешна контрола, објавување на догишните извештаи во скратена и некласифицирана верзија. Ова се само дел од препораките кои тинк-тенк организацијата „Аналитика“ ги даде за Агенцијата за разузнавање и Управата за безбедност и контраразузнавање, а ги...

УНХЦР: Наредните месеци секојдневно по 3.000 мигранти во Македонија

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) изнесе очекувањата дека во наредните месеци во Македонија секојдневно ќе влегуваат до 3.000 луѓе. - Не гледаме било каков крај на приливот на луѓе во наредните месеци – рече портпаролката на Високиот комесар на ОН за бегалци, Мелиса...

Работните групи во нов обид за избирачкиот список

Почна средбата на работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, во Клубот на пратеници во обид да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу...

На бегалската криза не и се гледа крајот: Колку што си одат, уште толку доаѓаат

Нов голем бран бегалци и мигранти, претежно од Сирија, се очекува деновиве да пристигне на македонската јужна граница. Како што пишуваат грчките медиуми, утрово околу 5 часот, траектот „Елифтериос Венизелос“ со околу 2.500 мигранти испловил од Митилини на островот Лезбос. Траектот треба да пристигне...

Македонија и Србија со заедничка зона за бегалците

Формирање на заедничка зона каде службениот пресонал заеднички ќе ги извршуваат своите обврски за да се намали времето на премин на патници и стока преку железничкиот граничен премин Табановце - Прешево, а истовремено и да се скрати времето на патување преку Коридорот 10. Тоа е новиот договор кој...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...