fbpx

Ван Хојте: Преговорите одат тешко, но оптимист сум дека ќе успеат

-

По завршувањето на средбата на претставниците на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино за разгледување на Избирачкиот список, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте најави дека работната група ќе продолжи да работи и во наредните неколку месеци, објави „Телма“.

– Секако дека има напредок. Моментално разговараме за изборните закони и изборачкиот процес. На оваа тема ќе разговараме и утре, а кон крајот на неделата ќе се разговара и за специјалниот јавен обвинител – вели Ван Хојте.

Белгискиот експерт им се извини на новинарите кои во текот на преговорите мораат да чекаат пред портите на Клубот на пратеници каде што се одржуваат средбите на работните групи, но, како што рече, имале договор за приватност и сакале да избегнат вмешување на медиумите за време на дискусиите.

– Преговорите одат тешко, но оптимист сум  дека ќе успеат – изјави Ван Хојте.

Како што брифираат учесниците во преговорите постигнат е мал напредок околу активната регистрација на гласачите, со задолжително пријавување. ВМРО-ДПМНЕ, велат нашите извори, се согласила на активна регистрација на гласачите, но се уште не се изјаснуваат дали таа да биде задолжителна или не. ДПА останува на својот предлог, пријавувањето на гласачите во избирачкиот список да биде комбинирано. Тоа значи, тврдат нашите извори, во рок од четири месеци, два месеци да се прави теренски попис на полнолетните граѓани, од врата на врата, а два месеци да биде оставен простор за задолжителна регистрација.

Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив да им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат бирани со двотретинско мнозинство во Собранието.

Политичките партии се уште се далку од договор за гласањето на дијаспората.

Прашањето за дијаспората досега не е мрднато од мртва точка и партиите стојат цврсто на своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ е за да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во три изборни единици, а СДСМ е дијаспората да гласа, но важноста на гласот на иселениците да биде ист со оној на гласачите кои живеат во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...