fbpx
Македонија Страница 1750

Македонија

Брисел: Оградата не е идеално решение

Европската комисија смета дека градењето огради не е решение на проблемот со нелегалното минување на границата. - Повеќепати ја објаснивме помошта што ЕУ ѝ ја дава на поранешната југословенска Република Македонија. Ги имаме податоците. Не станува збор дека не ѝ даваме помош. Знаеме дека е таму...

МВР разби криминална група која тргувала со дрога и шверцувала мигранти

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР), по повеќемесечна истрага уапсил 11 лица од Тетово и од Дебар, осомничени дека се припадници на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со марихуан, хероин и со кокаин и во...

Диме Спасов апелира да се ангажираат лиценцирани дадилки

По случајот со скопската дадилка, која доби притвор за малтретирање деветмесечно бебе, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, апелираше населението да ангажира само лиценцирани дадилки, што е предвидено во рамките на Законот за детска заштита. Според него, во општинските градинки негувателките се лиценцирани,...

Во Апелацискиот суд во тек е расправата по жалбите на осудените во „Монструм“

Во Апелацискиот суд во Скопје во тек е јавна седница на која се разгледуваат жалбите на петмина осудени во случајот „Монструм“, за убиството на четири момчиња и средовечен маж, кое се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смиљковско Езеро. Седницата почна утрово,...

Новинарката Анета Блажевска го доби спорот со битолскиот градоначалник

Тужбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески, против бившата новинарка на „Утрински весник“ од Битола, Анета Блажевска, за текстот „Колку е богат Владимир Талески“, падна на суд. Основниот суд Скопје 2 ја отфрли тужбата на градоначалникот како неоснована. Талески бараше одговорност и надоместување на штета, за авторскиот...

СДСМ: Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија

„Никола Груевски и неговите следбеници, како Никола Попоски, знаат само да поставуваат огради и да креваат ѕидови. Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија“, велат од СДСМ. „Очигледно, власта на Груевски нема капацитет да се справи со бегалската криза и...

Од МВР не ја коментираат изјавата на Попоски за оградата

Од МВР не сакаат да ја коментираат изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, околу можноста за подигнување ограда на јужната граница, по примерот на Унгарија, ниту, пак, даваат одговор на прашањето дали ваква опција била разгледувана меѓу институциите надлежни за справување со...

Трајанов бара собраниска расправа за Извештајот за посебни истражни мерки

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, доставил предлог Извештајот за посебни истражни мерки за 2014 година на Јавното обвинителство да биде разгледан на наредната седница на Собранието. „Трајанов смета дека се работи за извештај за кој...

СДСМ бара јавна расправа за укинување на екстерното

Денеска поднесовме барање за одржување јавна расправа за состојбите во образованието, за квалитетот што не се обезбедува со тестови, за укинување на екстерното тестирање, рече пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, на прес-конференција во Собранието. Тој вели дека барањето за јавна расправа е доставено до претседателот...

Од 19 јуни до денеска низ Македонија поминале 70.000 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) им издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 958 мигранти, од кои најголемиот дел, односно 806, се сириски државјани, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни)...

МНР ја преведе изјавата на Попоски за оградата

Министерството за надворешни работи на Македонија денеска излезе со превод на изјавата за оградата на границата, на министерот Никола Попоски, дадена во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело“. Според МНР, Попоски за неделникот го изјавил следното: „Очигледно и кај нас ќе треба некаква физичка заштита за...

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“. Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел...

Утре напладне во Скопје мирен собир за солидарност со бегалците

Утре во 12 часот, на плоштадот Македонија, ќе се одржи мирен собир за солидарност со бегалците. Настанот, кој е креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, го организира левичарското движење „Солидарност“. „Ние, македонските граѓани и прогресивни сили, ќе излеземе на 12 септември, Европски ден за акција, во солидарност...

Муса Џафери: Богоевски на суд ќе ги докажува тврдењата за „Маѓар телеком“

Вицепремиерот за рамковни прашања, Муса Џафери, изјави дека подготвува кривични пријави против поранешниот шеф на тајната полиција, Слободан Богоевски, за неговите обвинувања дека тој и лидерот на партијата, Али Ахмети, се вмешани во скандалот за „Маѓар телеком“, објави  „Порталб“. - Обвинувањата против мене кои се однесуваат...

Величковски: Попоски нека си го оградува партиското седиште, а не границата

Основно прашање денес е како Македонија може да помогне и како да се вклопи во европските напори и мерки за надминување на бегалската криза, а не како да постави жичена ограда на македонско-грчката граница, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по вчерашната изјава...

Крводарителска акција во Амбасадата на САД

Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање преку организирање крводарителска акција и акција за собирање прехранбени продукти и други средства. Пред присутните, за време на...

Денеска променливо облачно со повремен дожд и со температура до 26 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движи од 12 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 18...

Скопската обиколница и денеска отворена за сообраќај

Обиколницата околу Скопје денеска повторно ќе биде отворена за сообраќај поради најавата за дожд, информира македонската продукција „Мануфактура“ во име на продукцијата од Франција „Шик филмс“, која таму го снима филмот „А Фонд“. Филмот почна да се снима во понеделникот, кога обиколницата беше затворена за...

Заев се сретна со новоименуваната амбасадорка на ОБСЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со новоименуваната амбасадорка, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Соумалаинен. На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, се зборувало за актуелната состојба во Република Македонија, како и за соработката со Мисијата на ОБСЕ. Заев ја запознал...

МНР ја проверува изјавата на Попоски за оградата

Министерството за надворешни работи сè уште нема информација дали министерот Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело“ навистина рекол дека Македонија размислува да подигне ограда, слична на унгарската, за да ги заштити своите граници од бранот бегалци. - Сè уште чекаме верификација на изјавата –...

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...