fbpx

Во Апелацискиот суд во тек е расправата по жалбите на осудените во „Монструм“

-

Во Апелацискиот суд во Скопје во тек е јавна седница на која се разгледуваат жалбите на петмина осудени во случајот „Монструм“, за убиството на четири момчиња и средовечен маж, кое се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смиљковско Езеро.

Седницата почна утрово, околу 10 часот, откако беа исполнети сите услови, односно од затворите во Скопје, Битола и во Штип беа донесени осудените.

Адвокатите на одбраната бараат укинување на првостепената пресуда со која обвинетите беа осудени на доживотни затворски казни.

Како што пренесува „Нова ТВ“, судијата известител, Зоран Димитриевски, повеќе од два часа ја образложувал првостепената пресуда, по што треба да ги образложи и писмените жалби на адвокатите и на обвинетите.

Според досегашната динамика, пишува порталот, седницата се очекува да трае до доцна попладнето, доколку судот не одлучи да одреди уште еден датум за да ги ислуша жалбите на адвокатите и на обвинетите.

Јавната седница на Апелацискиот суд претходно, во јули, беше одложена бидејќи во судницата од затворот „Идризово“ не беа спроведени двајца од осудените, Хаки Азири и Агим Исмаиловиќ.

Како што пренесува „Нова ТВ“, адвокатите на одбраната во меѓувреме од СДСМ ги побарале снимките од прислушуваните разговори што се однесуваат на случајот „Монструм“, но нема информација дали ги добиле.

Советот, со кој претседава в.д. претседателката на Апелацискиот суд Скопје, може да ја потврди пресудата, да ја укине и да ја врати на повторно судење или делумно да ја потврди и да интервенира во висината на казните.

Според првостепената пресуда за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, на доживотна казна затвор осудени се Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

Двајца од осудените, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, сè уште се во затвор во Косово и не се екстрадирани во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...