fbpx
Македонија Страница 1461

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева ја стартуваше изборната кампања на СДСМ

Специјалното јавно обвинителство ја стартуваше изборната кампања на СДСМ, а тоа што го прави Катица Јанева е обичен политички циркус и нема ниту „П“ од право, изјави денеска на прес-конференција Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференцијата на Николовски беше свикана попладнево, откако претходно во Специјалното јавно...

Владика Петар: Не сум уапсен, бев во полиција по претходна покана

Владиката Петар, за Канал 5 телевизија ги демантира објавените информации дека бил упасен од полицијата во Мелбурн, Австралија. - Веста за мое апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот Владика Наум и Игуменот Гаврил против кого се води црковно­канонска судска постапка за расчинување -...

Јанкулоска побара и доби одлагање на распитот во СЈО заради увид во доказите против неа

Поранешната министерка за внатреши работи, Гордана Јанкулоска во Специјалното јавно обвинителство, каде денеска беше повикана да даде исказ, се задржа само половина час. Како што соопшти Јанкулоска, таа и нејзиниот адвокатски тим побарале одложување на распитот бидејќи, како што рече, не биле исполнети минималните...

Во ДИК до денеска се пријавиле 6.181 спорни гласачи

Вкупно 6.181 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму. Од нив, 2.743 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК,...

Гордана Јанкулоска дојде на распит во СЈО

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во 13 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство. Пред да влезе таа не даде изјава за медиумите, но најави дека тоа ќе го стори по распитот. Јанкулоска е осомничена во случајот „Тврдина“ што СЈО го отвори за уништувањето...

Владиката Петар, во Мелбурн, повикан на разговор во полиција

Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и повикан на информативен разговор во полицијата во Мелбурн, пренесе Религија.мк. Двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска...

Тони Јакимовски, осомничен во „Тврдина“ денеска на распит во СЈО

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска дојде на распит во СЈО, јавува „Сакам да кажам“ . Јакимовски е и еден од 56-те помилувани на листата за колективна...

Шеќеринска имала сообраќајка, патниците се во добра состојба, информираат од СДСМ

Заменик претседателката на СДСМ, Радила Шеќеринска денеска имала сообраќајка, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија). Таа во возилото била заедно со нејзините родители, а како што информираат од партијата, тие се во добра здравствена состојба. „Возило, кое претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата...

ЕУ експерти: Уште три до четири недели ќе се чисти поплавениот регион

Се уште има потреба од чистење на калта и шутот во поплавените места, оцени холандскиот експерт за води Питер Глерум, кој го предводи тимот на ЕУ за проценка на штетите од поплавата. Глерум вели дека ќе бидат потребни уште три до четири недели за да...

Ад хок телото за медиумите ќе чека потврда дека ќе има избори за да може да работи

Ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период нема да се состанува до 23 август, до кога треба да биде познат и петтиот член - Албанец, брифираат од таму. Моментно трае јавниот повик, а сите заинтересирани можат да се пријават до недела...

Пунктот пред „Веро Центар“ се затвора за донации, останува собирно место за волонтери

Пунктот пред „Веро Центар“ за собирање помош за настраданите од поплавата, од денеска се затвора за донации и во иднина ќе служи само како собирно место за волонтери кои ќе се упатуваат да помагаат на терен. - Десет дена собиравме помош од граѓаните за настраданите и проценивме...

Зошто Македонија пак ја нема на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети

Ниту еден македонски универзитет и оваа година не се најде на светската Шангајска листа на 500 најдобри универзитети. Првите десет универзитети од минатата година го задржаа своето место и покрај некои мали промени. Резултатите од најновото рангирање потврдуваат дека Универзитетот „Харвард“ е најдобриот веќе 14...

Што побара МНР од странците за поплавите: Џипови, камиони, моторни и гумени чамци…

Министерството за надворешни работи до амбасадите во Скопје на 9 август испратило допис во кој се бара финансиска помош и се дава листа со производи кои им се потребни за справување со последиците од поплавите. „Министерството во прилог доставува прелиминарна листа на конкретно потребни работи,...

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево сo умерена облачност, ќе дува слаб наместа умерен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до...

Холандија донира медицинска помош вредна повеќе од 500.000 евра

Холандската донација на медицинска помош, вредна повеќе од 500.000 евра неделава ќе пристигне во Скопје, соопшти денеска холандската амбасада во Скопје на својата официјална страница на „Фејсбук“. „Штетите во некои реони се толку големи и затоа испраќаме медицинска помош. Многу е важно овие производи да...

Апели на социјалните мрежи: Парите за Цеца, Северина и Чолиќ да се дадат на поплавените

Парите за Цеца, Северина и Здравко Чолиќ, кои треба да дојдат во Берово, Македонски Каменица и Штип, да се пренаменат за граѓаните од поплавените подрачја. Тоа ќе ја потврди општествената одговорност на општините, кои се организатори на манифестации, каде ќе настапат овие регионални ѕвезди....

„Евробарометар“: Македонците и веруваат на ЕУ, но не на Владата и на Парламентот

Македонците имаат поголема доверба во Европската Унија, отколку во македонските институции, односно Собранието и Владата, покажа истражувањето „Стандард Евробарометар“ што го спроведе Европската комисија во земјите членки на ЕУ и во петте земји кандидатки, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција и Македонија. Според анкетата, 58 отсто...

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски опстојува од манипулации и лаги

Мераклиите за земање мито и рекет преку хаусмајстори и возачи може да се престават за се, освен за чесни луѓе, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски дадена по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство. „Најнеспособниот градоначалник во Македонија,...

Струја добија сите во поплавените подрачја

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите, информираат од компанијата. - Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа....

Селмани: Насловната на „Дневник“ ќе ја врамам да остане за идните генерации

Насловната на „Дневник“ е сведок за моралната беда на некои началници што сакаат да глумат новинарство. Ова насловна ќе ја врамам за да посведочи на идните генерации кое дно го достигнало началничката пропаганда, кое сакаа да ни го продават како новинарство, реагира претседателот на Здружението на новинари...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...