fbpx
Македонија Страница 1403

Македонија

Николовски: Офшор-компании со непознат сопственик ќе нема во Македонија

„Нашите анализи покажаа дека 470 милиони евра годишно од буџетот се трошат незаконски. Тие 470 милиони евра ние ќе ги пренасочиме и ќе ги вратиме кон граѓаните. Се обврзуваме дека ќе се заплени криминално стекнатиот имот и дека ќе се вратат парите испумпани од...

Европската комисија ја повтори условената препорака за Македонија

Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот за Македонија, рече дека земјата мора да ги исполни сите услови предвидени со Договорот од Пржино. - Не...

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји. Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот...

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард...

Облачно и дождливо време, со температура до 18 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Нестабилното време ќе преовладува во источните делови од земјава. Утринската температура се движи од 10 до...

Бејли: Постизборниот период е време на патриотизам

Исчекувајќи ги последните резултати од неизвесната трка за претседател на САД, во која засега води Доналд Трамп, во хотелот „Александар палас“ се обрати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој рече дека избирањето претседател е сериозна работа која влијае на економијата, здравствениот, образовниот...

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и...

Брисел ќе порача дека не се откажува од проширување кон Западен Балкан

Извештајот за проширување на ЕУ, како и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, што се очекува да биде објавен утре, ќе треба да покаже дека Брисел не се откажува од идејата, особено зашто со неа се промовира слобода на изразување и на медиумите, напредок на...

Брисел ќе направи пауза – следниот извештај ќе биде во 2018 година

Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот извештај, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите,...

Шилегов: Судот сака да ни ги даде уверенијата за неосудуваност четири дена по рокот

„ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немајќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој потсети дека во согласност со Изборниот законик, кандидатите за...

Судот ќе дежура за да можат кандидатите да добијат уверенија за неосудуваност

Основниот суд Скопје 1 попладнево соопшти дека е подготвен, доколку е потребно, да воведе и дежурства за да можат кандидатите за пратеници да извадат уверенија за неосудуваност и партиите навреме да ги поднесат пратеничките листи. Од судот ги отфрлаат обвинувањата на дел од политичките партии...

Спасовски во СВР Тетово: Притисоците врз избирачите да се пријават во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, апелираше секој притисок што се врши врз гласачите од страна на државните службеници во пресрет на престојните избори, навремено да се пријави во Министерството за внатрешни работи. - Истакнав дека ниту...

Силниот јужен ветер предизвика помали штети во Охрид

Изминатава ноќ и денеска до пладне во Охрид дивееше силен ветер кој направи штети, особено во крајбрежниот дел. Искинати се настрешници, има паднати гранки и дрвја, како и оштетени покриви. Мегу другото, силниот јужен ветер го одвеа големото знаме кое беше поставено на 24 метри...

Ахмети и Пломп зборуваа за изборите и за задачите на идната влада

За процесот на организирање и на одржување на изборите на 11 декември, задачите на новата влада, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ со целосна имплементација на Охридскиот договор, денеска разговараа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети,...

Гарет: И обвинети лица може да се кандидираат во некои земји

Во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“. - Различни земји имаат различни практики во однос на...

Заев: Груевски се бори за парите да влезат во „фамилијата“, а ние – кај граѓаните

„Не може Македонија да ја има најбогатата партија во Европа и најсиромашните граѓани на Балканот. Додека Груевски се бори парите од граѓаните да влезат во „фамилијата“, нашата борба е парите да влезат во џебот на граѓаните и тоа така ќе биде по 11 декември...

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во...

Улиците во Стајковци под вода, но засега нема вода во подрумите и во куќите

Улиците во скопско Стајковци се полни со вода, но опасност од поплава барем засега нема, велат жителите од ова село. Тие додаваат дека состојбата со водата низ улиците не е алармантна, но ако дождот продолжи и понатаму засилено да врне, стравуваат да не се случи...

Најмногу дожд наврна во Маврово и во Дебар

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Маврово – 30 литри на еден квадратен метар, потоа во Лазарополе - 19 литри, во Дебар - 14 литри и во Пожаране - 10 литри на еден квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје-Петровец и...

УХМР: Можни се излевања на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Оттаму велат дека обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и на одрони. „Врнежите што паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја,...

За 71 отсто зголемен бројот на заразени со сифилис, заушки, салмонела, маларија…

Лани во Македонија биле пријавени вкупно 12.958 заболени од акутни заразни заболувања, а претходната година, оваа бројка била 7.567. Ова претставува зголемување за 71,2 отсто, наведено е во последниот...