fbpx

Бузлиев: ЛП ќе учествува на денешната средба на опозициските партии

-

„Либералната партија, иако не е во коалиција со СДСМ, ќе учествува на денешната средба на која ќе може да размениме информации за активностите во изминатиот период за постигнување на примарната цел – формирање широка, преодна, концентрациона влада без Груевски“, изјави потпреседателот на партијата, Кире Бузлиев, кој ќе присуствува на средбата.

– Договорот од Пржино е веќе објавен, но корисни ќе бидат дополнителните сознанија за текот на преговорите во Брисел – најави Бузлиев.

Според него, иако преговорите ги водат лидерите на најголемите партии во земјата, „тоа не се преговори само меѓу Никола Груевски и Зоран Заев ниту, пак, станува збор само за судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“.

– Политичката криза е и криза на институциите. Затоа, секоја партија треба да понуди решение, особено откако стана јасно дека одредбите од договорот од Пржино се веќе нефункционални. Тоа ја прави иницијативата на ЛП од октомври 2014 сè порелевантна. Попрецизно, позициите на ЛП ќе бидат соопштени по претстојните седници на Извршниот и на Централниот комитет во текот на следната недела, иако сè појасно е дека траењето на преодната влада треба да зависи од нејзините обврски, а по наша процена, тоа е период од 12 до 18 месеци – изјави Бузлиев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...