Бугарија есенва ја чекаат трети парламентарни избори, Радев го има главниот збор

-

Претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова изјави дека на 7 септември (вторник) ќе му го врати мандатот за формирање влада, која што го доби од бугарскиот претседател Румен Радев во третиот обид за да се создаде влада, откако мандатот претходно го вратија партиите ГЕРБ и Има таков народ.

„Ги вложивме сите напори да постигнеме мнозинство за да формираме влада и функционален парламент. Но, трите партии нѐ одбија и бесмислено е да се продолжат овие напори“, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

Со ваквиот расплет на настаните, главниот збор во претстојниот период во земјава ќе го има бугарскиот претседател Румен Радев. Претседателските избори во земјата веќе се закажани за 14 ноември, а на нив тој планира повторно да се кандидира за нов петгодишен мандат. Истовремено, Радев ќе треба да ја донесе одлуката кога ќе се одржат третите по ред парламентарни избори, при што како алтернативи се споменуваат 7, 14 или 21 ноември, при што двата последни датуми ќе значат истовремено одржување на парламентарни и претседателски избори во земјата, пишува Ројтерс.

Радев како претседател ја има обврската да го распушти актуелниот бугарски парламент, да го закаже датумот за парламентарните избори, но и да формира нова техничка влада во земјата која ќе управува во периодот пред одржувањето на изборите.

Со Бугарија од април годинава раководи техничка влада што ја назначи Радев, откако на првичните избори во април ниту една партија не успеа да обезбеди мнозинство за формирање на влада, по што беа распишани јулските избори.

Инаку, претседателот Румен Радев веќе изјави дека е за рационално решение, односно за одржување на избори 2 во 1, односно на ист датум да се одржат парламентарните и претседателските избори во земјата, пренесува Бугарското национално радио.

Тој денеска нагласи дека политичката криза во Бугарија се продлабочува, а при прифаќање на опцијата за раздвојување на изборите, гласачите ќе бидат приморани три недели по ред да излегуваат на гласање.

Ројтерс во својот текст додава дека Бугарија истовремено се соочува со ковид-19 пандемијата. Од формирањето на бугарската влада зависи и продолжувањето на дијалогот за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...