fbpx

Болните од цистична фиброза ќе протестираат по Велигден ако не го добијат лекот „трикафта“

Помина еден месец откако законските измени беа донесени и сè уште немаме никаков прогрес во однос на набавка на лекот „трикафта“, реагираа денеска членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза

-

Помина еден месец откако законските измени беа донесени и сè уште немаме никаков прогрес во однос на набавка на лекот „трикафта“, реагираа денеска членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Оттаму велат дека ако работите се движат во оваа насока, по празниците ќе организираат поголем протест, на кој ќе изразат незадоволство од начинот на кој се одвиваат работите. Тие велат дека иако официјално не биле поканети на било каков состанок со Министерството за здравство и со другите надлежни институции, знаат дека има комисија која се формира со доста бавно темпо.

„Она што го знаеме е дека воопшто не се дојдени во контакт со компанијата за обезбедување на лекот за останатите пациенти на кои им е потребен. Пред 10 дена испративме официјален мејл до сите надлежни, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и преставниците на Владата кои се во таа здравствена комисија. Но, и после 10 дена немаме добиено никаков одговор. Како што најавивме и пред некое време доколку работите се движат вака веднаш по празниците ќе организираме поголем протест за да може да се појавиме, да покажеме дека работите не се движат и дека не сме задоволни“, рече Фики Гаспар од Асоцијацијата.

Тој додаде дека дванаесеттемина пациенти кои пред извесно време го добија лекот и кај кои се покажуваат одлични резултати, биле начин да се смири јавноста и медиумите за да може да се оддолжи процесот.

Пред крајот на минатата година, болните од цистична фиброза на протест пред Министерството за здравство побараа модуларна терапија. Дури на 2 февруари годинава, Владата најави дека ќе го набави лекот „Трикафта“ за 30 пациенти, односно дека набавката ќе се одвива во неколку фази. На 8 февруари почина Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот, а тоа беше причина за протест пред Владата.

На 9 март на Детска клиника пристигна лекот и започна процесот на лекување на најкритичните пациенти. Од пациентите што истиот ден го примија лекот, седум беа возрасни, а едно е дете.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...