Бесими: Антикризните мерки го амортизираа падот на економијата за 2 процентни поена

-

Четирите владини пакети на антикризни мерки го намалија падот на економската активност во 2020 за околу 2 процентни поена, а ефектите од спроведените мерки се гледаат и преку стапката на невработеност која во третото тримесечје се намали, како и просечната плата која лани во континуитет растеше. Како што соопшти Министерство за финансии, ова го изјавил во интервју за „Капитал“ министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Поддршката кон населението и на фирмите резултираше со ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Се проценува дека преку реализацијата на мерките падот на економската активност е ублажен и би бил подлабок за околу 2 процентни поена во 2020 година. Просечната стапка на невработеност во деветте месеци од 2020 изнесува 16,5 отсто, што е намалување од 1 процентен поен во споредба со истиот период претходната година, а просечната бруто и нето-плата продолжија да растат во континуитет во текот на целата година“, вели Бесими.

Тој додаде дека прoектираната вредност на претходните четири пакети е околу милијарда евра или околу 10 отсто од БДП. Според ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4 отсто од БДП во Бугарија, 2,8 отсто во Албанија, 3 отсто во Босна и Херцеговина, 3,7 отсто во Црна Гора, 4,1 отсто во Косово, во Хрватска 7 отсто, во Србија 11,3 отсто, а во Словенија и во Грција од околу 14 отсто од БДП.

Заклучно со минатата година, од ковид-19 програмата на Владата исплатени се 292 милиони евра или над 95 отсто од буџетираните, по основ на финансиска поддршка за исплата на плати, поддршка за ранливи категории на граѓани, мерки за поддршка на фирми и за финансиска поддршка на граѓаните кои останаа без работа како резултат на кризата. Преку Развојната банка се одобрени преку 85 милиони евра по основ на бескаматни кредити и евтини кредити.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...