Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, 26 февруари, продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 64 мерки, меѓу кои 8 за возење без возачка дозвола, 3 за непочитување на брзина на движење, 4 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 санкции за користење на мобилен телефон, две за возење под дејство на алкохол, 27 за непрописно паркирани возила.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“ соопшти МВР.