fbpx

Бектеши: Се замрзнуваат маржите за основните прехранбени производи заклучно со крајот на септември

-

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата. Замрзнувањето на маржите стапува на сила утре и ќе биде на сила до 30 септември годинава.

Бектеши рече дека мерките се донесени по консултација со бизнис-заедницата.

Според владината одлука, од утре до 30 септември, маржата во трговијата на мало е замрзната на 5 отсто, а исто толку ќе изнесува и маржата во трговијата на големо, за следните продукти: леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел, како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло).

За брашно од пченица – тип 400 и тип 500,- макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка се утврдува трговска маржа во висина до 10 отсто во трговијата на големо и до 10 во трговијата на мало, објасни министерот Бектеши.

Тој нагласи дека според денеска донесената одлука, нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).

„Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци“, рече министерот за економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...