fbpx

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крајот на годината

-

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи.

Според Одлуката, оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година, известува министерство.

„Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката, висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
udemy free download
download lenevo firmware
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download