fbpx

Бајден сепак ќе гради дел од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико

Граничниот ѕид инаку беше една од позначајните претседателски ветувања на Доналд Трамп, а Бајден ја критикуваше идејата за време на својата претседателска кампања

-

Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ќе изгради дел од ѕидот на границата меѓу Тексас и Мексико. Бајден изјави дека не сака да продолжи со градбата, но дека веќе биле одвоени средствата во 2019 за време на претседателството на Доналд Трамп, известува Би-би-си.

Граничниот ѕид беше клучен дел од ветувањата на Трамп за време на неговата кампања. На крај, администрацијата на Трамп изгради само ѕид на 732 километри од вкупните 3145 километри на границата – помалку од четвртина. Дополнително, во 2022 година, Вашингтон пост извести дека повеќе од 3.000 пати бил пробиен ѕидот со градежни алатки и пили.

Во 2020 година, за време на својата кампања Бајден вети дека нема да изгради ниту еден нов метар од ѕидот.

Висок службеник на администрацијата на Бајден ја префрли вината за новата градба на Конгресот, тврдејќи дека тој се спротивставил на напорите да се поништат средствата одвоени за овој дел од ѕидот во првото буџетско барање на Бајден во мај 2021 година.

Според закон од 1974 година, одвоени средства за некој проект мора да останат достпани освен ако од Сенатот или од Претставничкиот дом не изгласаат пренамена на средствата. 

„Неколкупати баравме од Конгресот да ги укине овие средства, но тој не го стори тоа и ние сме сега принудени да го следиме законот“, изјавил секретарот за домашна безбедност, Алехандро Мајоркас.

Но, од Би-би-си потенцираат дека овој став е контрадикторен со неговиот став за проектот, изразен во официјален владин документ.  

„Во моментов има акутна и итна потреба да се изградат физички бариери и патишта во близина на границата на Соединетите Држави со цел да се спречат незаконски влегувања во САД“, стои во официјалниот документ изјавата на Мајоркас.

Бајден за овој чекор е критикуван и од демократи и од републиканци.

Демократската конгресменка Александра Окасио-Кортез вели дека треба „посериозно“ да се разгледа коренот на миграцијата, а републикански конгресмени го исмејуваат лицемерието на Бајден.

Трамп кратко изјавил дека потегот на Бајден докажува дека „бил во право“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...