Асанж официјално пуштен на слобода откако призна вина за прекршување на Законот за шпионажа

Основачот на Викиликс се изјасни за виновен за прекршување на законот за шпионажа со тоа што набавил и ширел класифицирани документи

-

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж беше пуштен на слобода во суд на островот Сајпан, американска територија во тихиот океан. Тој се изјасни за виновен за прекршување на законот за шпионажа со тоа што набавил и ширел класифицирани документи, пренесува Гардијан.

Судијата во федералниот суд во Сајпан го прифати договорот за спогодба меѓу Асанж и американската влада, според кој тој нема да служи дополнителна затворска казна бидејќи веќе служеше затворска казна во Лондон.

Веднаш по судењето, американската влада го повлече барањето за екстрадиција од Велика Британија, ги отфрли сите преостанати обвиненија против него и му забрани на Асанж да се врати во САД без дозвола.

Веднаш по судењето, не одговарајќи на новинарски прашања, Асанж го напушти Сајпан и отиде со авион кон Канбера, главниот град на неговата матична Австралија.

Со ова завршија законските битки на Асанж, кој пред да служи петгодишна затворска казна во Велика Британија, седум години престојуваше во амбасадата на Еквадор, избегнувајќи екстрадиција во САД.

За време на судењето, Асанж изјави оти верувал дека бил правно заштитен поради првиот амандман на американскиот устав, кој го заштитува правото на слобода на говор.

„Работејќи како новинар го охрабрив мојот извор да обезбеди класифицирани информации за да се објават истите. Верував дека првиот амандман ја заштити таа активност, но прифаќам дека тоа беше прекршување на законот за шпионажа“, рече Асанж.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...