Александар Поповски награден од ЈДП за најдобра режија за „Алиса во земјата на стравовите“

Фото: Фејсбук профил на ЈДП

Трети април се одбележа како ден на Југословенското драмско позориште (ЈДП), којшто вчера прослави и 74 години од премиерата на првата одиграна театарска претстава. По повод роденденот на театарот, вчера се одржа настан за доделување на наградите за придонеси кон театарот во 2021 година, пишува српскиот портал rs.n1info.com.

На свечениот настан беа присутни редовните членови на ансамблот, уметници, соработници и други гости.

Годишната награда за најдобра режија ја добија босанскиот режисер Егон Савин за претставата „Пучин“ во текст на Бранислав Нушиќ, режисерката Јована Томиќ за адаптацијата на збирката раскази „Мојот маж“ од македонската писателка Румена Бужаровска и режисерот Александар Поповски кој ја претстави „Алиса во земјата на стравовите“ во сценарио на Ева Махковиќ.

Јелица Жупанц ја доби наградата за претставување на комплетно уметничко дело за претставата „Загреб – Београд преку Сараево“, а Горчин Стојановиќ доби признание за постигнато високо естетско достигнување.

За сценски говор беше наградена актерката Лилјана Мркиќ Поповиќ за својата улога во претставата на Савин, „Пучин“. Поповиќ доби и признание за долгогодишна успешна соработка како дел од ансамблот на ЈДП.

Македонскиот режисер Александар Поповски за „Алиса во земјата на стравовите“ покрај главната награда, ги доби и наградите за исклучително актерско заедништво и посветеност во размената на емоции и енергија меѓу актерите Милена Радуловиќ, Небојша Љубишиќ, Слобода Миќаловиќ, Радован Вујовиќ, Милан Мариќ, Јована Беловиќ, Ива Стефановиќ, Тамара Шутиќ и Денис Муриќ и дизајн на светло која му беше доделена на Дејан Драганов за оваа и за претставата „Загреб – Белград преку Сараево“.

Димитрија Коканов е добитник на Годинешната награда за драматургија и посебен уметнички придонес за преставата „Мојот маж“ според книгата на писателката Румена Бужаровска.

Актерките Јована Беловиќ и Сања Марковиќ се добитнички на Годинешните награди на ЈДП за најдобро актерско остварување во претставата „Мојот маж“, а за истата улога годинава ги добија и наградата „Бранка и Млаѓа Веселиновиќ“ за најдобро актерско остварување на сцената на Југословенското драмско позориште што ги доделува Фондацијата на ЈДП и наградата „Небојша Глоговац“ за исклучителна уметничка креација на млад актер, што ги доделува ЈДП заедно со Град Белград.

Сите останати добитници може да ги видите ТУКА.