Активни се шест пожари низ државата, ги гаснат авиони и хеликоптери

Центарот за управување со кризи информира дека во гаснењето учествуваат македонски авион Ер- трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, на кој на помош му се стигнати и авиони од Германија и Шведска, како и армиски и полициски хеликопетери, на кои им помагаат хеликоптери од Србија, Унгарија, Чешка и Словенија

-

Шест пожари на отворено, кои зафаќаат и шума се активни и денеска, во пет општини низ земјата. Центарот за управување со кризи информира дека во гаснењето учествуваат македонски авион Ер- трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, на кој на помош му се стигнати и авиони од Германија и Шведска, како и армиски и полициски хеликопетери, на кои им помагаат хеликоптери од Србија, Унгарија, Чешка и Словенија.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека во Општината Демир Хисар врз пожарот на Илинска Планина дејствуваат со пет Ер трактори, еден на ДЗС, два германски и два шведски. На тешко пристапниот терен на земја гаснат локални пожарникари со подршка на месно население. Пожарот во Општина Македонски Брод во селата Тажево и Брезница, на кракот кон Јасен работи тимот од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема, а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.

Во Општината Пробиштип има два пожари, во селата Зелениград и Јамиште кој се гасне со осум хеликоптери, а на тешко пристапниот планински терен гаснат и локални пожарникари со подршка на 30 припадници на Армијата. На втората локација во атарот на селото Стрисовци на земја гаснат 35 припадници на Армијата, 10 локални пожарникари како и вработени од Рудник Булмак, ЈКП, ДЗС и доброволци од месното население и од воздух им помага еден хеликоптер од Чешка.

Во Општината Пласница гори трева, грмушки и нискостеблести растенија, а во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми. Пожарот во Општина Пехчево во Негрево од вчера е под целосна контрола, а 10 припадници на ДЗС и 15 припадници на Армијата работат на целосно догаснување.

„Овој план во зависност од состојбата на терен како и состојбата на воздухопловите може да претрпи измени во било кој момент. Наш приоритет секогаш е безбедноста на луѓето, веднаш потоа населените места, а потоа и зимзелена шума. Рано утрово се одржа брифинг со пилотите на воздухопловите од странство на кој тие беа запознати со активните пожари врз кои треба да дејствуваат во текот на денот“, информира Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...