fbpx

„Ајде Македонија“: 19.500 учесници исчитија повеќе од 200 локации од отпад

-

Во рамки на проектот „Македонија без отпад 2015“, вчера низ целата земја се одвиваше национална акција за чистење отпад. Акцијата беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

„Треба да се продолжи со активности за подобрување на управувањето со отпадот уште пошироко и уште потемелно, со акцент на селекција на секундарни суровини и нивно насочување во рециклажа. Отпадот е многу скап ресурс и нивото на искористеност може да достигне повеќе од 95 отсто, што зборува за големата вредност што се добива од него“, соопштуваат од „Ајде Македонија“ по спроведената акција.

Во вчерашната национална акција, која се одвиваше под мотото „Бунт против отпадот“, се вклучија 19.500 учесници во 67 општини, 235 основни и средни училишта, 40 невладини организации, а беа исчистени повеќе од 200 локации во земјава.

Проектот се спроведува со поддршка и со учество на државни институции, локални самоуправи, јавни и комунални претпријатија, невладини организации, здруженија на граѓани и на месното население.

Организаторите на акцијата им посочија на граѓаните да не продолжуваат да ја загадуваат природата бидејќи со тоа не помагаат никому, напротив, ја уништуваат.

Доколку забележат неовластено исфрлање и складирање отпад, граѓаните можат да се обратат на бесплатниот телефонски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...