fbpx

Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу Обама и Путин

-

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не ја исклучи можноста за телефонски разговор меѓу американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Не ја исклучуваме таквата можност. Во случај лидерите да се договорат по дипломатски канали, секако дека таквиот разговор може да се случи ако е неопходен – рече Песков.

Песков, сепак, рече дека засега нема никаков договор.

– Во секој случај, Москва повеќепати изјави дека го поздравува дијалогот на кое било ниво – рече претставникот на Кремљ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре се прегласува на седум избирачки места

По парламентарните избори на 8 мај, утре се спроведува прегласување на седум избирачки места во рамките на петтата и на шестата изборна единица. Се прегласува на избирачките места во...