fbpx

Охрид очекува богат првомајски продолжен викенд

-

Првомајскиот викенд, по традиција, е некаков влез во претсезоната во Охрид, првиот македонски туристички центар. Шансите да биде богат се особено поголеми ако викендот е уште и продолжен, а поволни се и најавите на метеоролозите. Раскрилените лебеди само ја дополнуваат убавината на богато дарениот град.

Дека од вечерва во Охрид ќе има навалица од гости, сигнализираат подготовките од претходниве денови. Скараџиите од Лесковац, Србија, веќе ги отворија своите пунктови во Охрид. Покрај лесковачката – за гостите, скара ќе печат и домаќините на утрешниот традиционален првомајски излет во туристичката населба Свети Стефан и на други крајезерски локации и покрај речните водотеци.

Ангажирани се добар дел од сместувачките капацитети во малите приватни објекти. Хотелите покрај градскиот езерски кеј навреме ги отворија летните бавчи, а на празникот својата промоција пред светот ќе ја има новоподигнатиот хотел од стотина легла – „Сити палас“, во центарот на градот, на самиот езерски брег.

По традиција, за првомајскиот викенд, најбројни се домашните гости. Битолчани, скопјани и жители од други градови во земјата и од соседството, за 1 Мај, доаѓаат да ги проветрат своите станови и викенд-куќи, воедно и да ги искористат трите дена за одмор и за крајезерско уживање.

Покрај од Македонија, се очекуваат поголем број гости од соседните земји, пред сè, од Србија, Албанија, Бугарија, Косово и од Грција.

Изминативе денови, во Охрид престојуваа организирани групи од Хрватска, Словенија и од Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...