fbpx

Битолски наставници со петиции за смена на Јаким Неделков

-

Наставници од неколку училишта во Битола почнале да потпишуваат петиции за смена на претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Покрај за него, се бара морална одговорност и оставка и од почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветаноски.

Во една од петициите потпишана од наставници, претставници на синдикатот од Техничкото училиште во Битола, се вели дека се бара оставка од Неделков поради „непочитување на волјата на членството“, прекин на генералниот штрајк и потпишување на спогодба без претходно за тоа да се изјасни членството.

Наставниците од Битола бараат оставка и од Цветаноски бидејќи како што пишуваат во петицијата, почесниот претседател за време и по генаралниот штрајк учествувал и настапувал на трибини на граѓански здруженија со политичка конотација.

Наставниците во петицијата бараат, доколку Неделков и Дојчиновски не си поднесат оставки, да биде свикан вонреден конгрес и тие да бидат разрешени поради непочитување на статутот и на одлуките на Советот на СОНК.

А.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...