fbpx

Абот ја повика ЕУ да го следи примерот на Австралија во справувањето со мигрантите

-

Австралискиот премиер Тони Абот денеска ја советуваше Европската унија да го следи примерот на неговата земја и да ги одбие сите мигранти што пристигнале по морски пат за да се спречат драмите како таа со потонувањето на рибарскиот брод во близина на Либија.

Според претставниците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 900 мигранти настрадаа во бродоломот кој се случи во Средоземното Море.

Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос вчера детално го изнесе планот за дејствување, составен од 10 точки, кој ќе послужи како „работна верзија“ за челниците на ЕУ, кои во четврток ќе се состанат на вонреден самит.

Планот за дејствување предвидува двојно зголемување на средствата за мисијата за поморски надзор, „Тритон“, која ќе може да патролира во широка зона и да учествува во спасување. Се предвидуваат и поостри мерки за заробување и за уништување бродови кои се користат за шверц на луѓе.

Сепак, според Абот, единствено системското одбивање бродови со мигранти е ефикасно.

– Стотини, можеби и илјадници лица се удавиле обидувајќи се од Африка да стигнат во Европа. Единствен начин за спречување на таквите трагедии е да се прекине доаѓањето на таквите бродови – рече Абот, додавајќи дека ЕУ мора итно да усвои одлучна политика што ќе го спречи шверцувањето луѓе на Медитеранот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Силјановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на...