fbpx

Џихадистите се обидуваат да заземат рафинерија во Ирак

-

Борците на Исламска држава вчера се судрија со ирачките безбедносни сили во најголемата рафинерија во земјата, во провинцијата Салахудин, и ги задржале неодамна освоените позиции на западот на земјата.

ИД минатиот месец претрпе значаен пораз кога ирачките трупи и шиитските паравоени единици го зазедоа Тикрит, но џихадистите пред неколку дена повторно нападнаа цели во западната провинција Анбар и на рафинеријата Баији, каде сега контролираат неколку постројки, вклучувајќи ја и онаа за дистрибуција и за складирање нафта.

Властите од провинцијата Салахудин соопштија дека на помош на силите во Баији им пристигнал баталјон војници и оти е запрено напредувањето на ИД.
Американскиот генерал Мартин Демпси соопшти дека „рафинеријата засега не е загрозена“. Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади рече дека по поразот во Тикрит, милитантите со нападот на Баији сакаат да испрати порака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...