fbpx

На бојкотот се приклучија и средношколците Албанци во Тетово

-

Со бојкот на наставата и со протестен собир на градскиот плоштад, учениците од прва и од втора година кои следат настава на албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, го искажаа својот револт против екстерното тестирање. На собирот беа присутни околу 200 ученици, кои носеа транспаренти со пароли на албански јазик „Стоп за екстерното тестирање“ и „Не се предаваме“.

– Учениците од македонските паралелки почнаа, ние продолжуваме со протести против есктерното тестирање. Ќе протестираме и понатаму затоа што Министерството за образование не може преку еден тест да има увид во тоа колку сме научиле преку целата учебна година – појасни еден средношколец.

Според дел од учесниците на протестот, екстерното тестирање е апсурдно бидејќи тестот содржи прашања на кои нема одговор, а за да се оцени знаењето на еден ученик, потребно е да се имаат предвид и неговите активности во текот на целата година. Присутните на протестот велат дека ќе продолжат со бојкот на наставата и наредните денови, но во рамки на гимназијата.

Учениците што посетуваат настава на македонски јазик и понатаму делумно ја бојкотираат наставата, како што велат, поради притисоците од директорите и од раководствата на училиштата.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...