Ќе се гаснат стотина веб-страници кои нелегално приредуваат игри на среќа

Во моментот се стотина странски веб-страници, но најкористени се две-три, кои претпоставувам сите ги знаете. Мислам дека во првата фаза ќе треба да се работи овие 100 да се забранат, а пoтоа ова ќе биде континуиран процес, рече министерот Андоновски

-

По владината одлука за забрана на онлајн коцкањето, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека следниот чекор ќе биде детекција и гасење на сите страници кои приредуваат игри на среќа на интернет, а во оваа акција покрај домашните, ќе бидат опфатени и странските играчи на пазарот.

Забраната за веб-страниците регистрирани во странство е втора фаза од справувањето со нелегалното онлајн-обложување за што Министерството за дигитална трансформација, Агенцијата за електронски комуникации, МАРНЕТ и Лотаријата на Македонија веќе имале состанок и ги утврдиле конкретните чекори.

„Страшниот дел е што многу малолетници се вклучени. Во моментот се стотина странски веб-страници, но најкористени се две-три, кои претпоставувам сите ги знаете. Мислам дека во првата фаза ќе треба да се работи овие 100 да се забранат, а пoтоа ова ќе биде континуиран процес“, рече Андоновски.

Тој додаде дека ова не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано треба да се ажурира оваа листа и постојано да се информираат АЕК и телеком-операторите дека нешто се случува за да може постојано да се движат кон забрана на овие нелегални приредувачи игри на среќа.

„Ако тие беа регистрирани во Македонија, ова е кривично дело што го прават, но затоа што се регистирирани во странство, не може да се стигне до тоа кој точно е приредувачот и мора да одиме со забрана на пристапот“, рече Андоновски.

Тој додаде дека во Лотарија на Македонија веќе се прават табели коишто утврдуваат кои точно веб-страници се најприсутни и каде најмногу се активни нашите граѓани и на кои веб-страници најмногу се приредуваат тие нелегални игри на среќа.

Повторно растат заканите за нуклеарен одговор од страна на Русија

Со пораката дека Русија ќе ги постигне целите во Украина што беа зацртани со агресијата и инвазијата во февруари 2022 година и со припојувањето на регионите кон Русија на...