Од јануари до август издадени лиценци за нови фотонапонски централи со вкупна моќност од речиси 250 мегавати

Со производството на струја од овие нови капацитети од обновливи извори може да се снабдуваат скоро 80 илјади домаќинства, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски

-

Во првите осум месеци од годинава, од јануари до август, биле издадени лциенци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

„Во најголем дел тоа се компании кои поставуваат фотонапонски панели за да можат да ги задоволат потребите на основната дејност која ја работат. Или практично, со производството на струја од овие нови капацитети од обновливи извори може да се снабдуваат скоро 80 илјади домаќинства“, изјави Бислимоски.

Минатата година Регулаторната комисија издаде лиценци за производство на струја од обновливи извори со вкупно инсталирана моќност од речи и 399 мегавати, додека во 2022 година биле издадени лиценци за 152 мегавати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...