Германската крајнодесничарска партија АфД за првпат освои најмногу гласови на регионални избори

Партијата „Алтернатива за Германија“ освои речиси 33 отсто од гласовите на парламентарните избори во покраината Тирингија

-

Германската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) освои најмногу гласови на парламентарните избори во сојузната покраина Тирингија, пренесува Би-би-си.

Партијата „Алтернатива за Германија“ освои речиси 33 отсто од гласовите. Демохристијанскиот сојуз на Германија (ЦДУ) освои 23,6 отсто од гласовите, а левичарската националистичка партија Сојузот Зара Вагенкнехт (БСВ) освои 15,8 отсто од гласовите.

Дополнително, АфД беше на второ место на парламентарните избори во соседната покраина Саксонија.

Ова е првпат од Втората светска војна крајнодесничарска партија да освои регионални избори.

Сепак, не е јасно каква ќе биде иднината на Тирингија, бидејќи мала е веројатноста дека која било друга партија ќе сака да коалицира со нив.

Германскиот канцелар Олаф Шолц исто така ги повика другите главни партии да не формираат коалиции со АфД.

„АфД ѝ штети на Германија. Ја слабее економијата, го поделува општеството и го нарушува угледот на нашата земја“, изјави Шолц за Ројтерс.

Шарлоте Кноблох, активистка за правата на Евреите во Германија која го има преживеано Холокаустот, истакна дека изборите се одржале на 85-годишнината од почетокот на Втората светска војна. Според неа, изборите ја довеле земјата во опасност да стане „понестабилна, постудена и посиромашна и помалку безбедна“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...