Таг: АФД
таг: АФД
Германската крајнодесничарска партија АфД за првпат освои најмногу гласови на регионални избори
Германската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) освои најмногу гласови на парламентарните избори во сојузната покраина Тирингија, пренесува Би-би-си.
Партијата „Алтернатива за Германија“ освои речиси 33 отсто од гласовите. Демохристијанскиот сојуз на Германија (ЦДУ) освои 23,6 отсто од гласовите, а левичарската националистичка партија Сојузот Зара Вагенкнехт (БСВ) освои 15,8 отсто од гласовите.
Дополнително, АфД беше на второ место на парламентарните избори...
Германската АфД му забрани јавни настапи на главниот кандидат за ЕУ пратеник
Германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) му забрани на својот главен кандидат на европските избори следниот месец, Максимилијан Крах, да се појавува во јавноста, по неговите коментари дека не сите членови на СС (паравоената организација на Национал-социјалистичката германска работничка партија и на Нацистичка Германија) биле криминалци, пренесува германската новинска агенција ДПА.
И портпаролот на партијата потврди дека федералниот извршен...
Шолц предупредува дека радикалната десница сака да протерува имигранти од Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска остро ги осуди плановите на радикално десничарските екстремисти за протерување на имигрантите од Германија, велејќи дека никој не заслужува да се суди за тоа од каде доаѓа или по бојата на кожата, јавува германската новинска агенција ДПА.
„Нема да дозволиме поделби во нашата земја врз основа на тоа дали некој има историја на имиграција или...
Екстремно десничарската АФД победи на локалните избори во германски Зонеберг
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) за првпат победи на избори за окружен совет во Германија. Источниот град Зонеберг, во покраината Тирингија, го избра Роберт Сеселман на функцијата окружен администратор, што е еквивалент на градоначалник, јавува „Гардијан“.
Сеселман победил освојувајќи 52,8 отсто од гласовите, соборувајќи го Јирген Кепер од демохристијаните (ЦДУ) со 47,2 отсто.
Тирингискиот огранок на антиимигрантската АФД, германските...
Протести во Берлин против влегувањето на ултрадесничарската АФД во Бундестагот
Илјадници демонстранти денеска протестираа во Берлин под паролата „Против омразата и расизмот во Бундестагот“, во пресрет на влегувањето на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во новиот состав на германскиот парламент.
Новоизбраниот германски парламет во вторник, на 24 октомври, ќе ја одржи својата прва седница по парламентарните избори што се одржаа на 24 септември.
АФД, која застапува антиисламска и антиемигрантска политика,...
Лидер на АФД пред исфрлање од партијата за коментар за нацистичкото минато на Германија
Лидерите на националистичката партија Алтернатива за Германија (АФД) денеска гласаа за почнување процедура за исфрлање од партијата на истакнатиот член Бјерн Хеке, поради неговата изјава дека треба да се стави крај на традицијата на признавање на нацистичкото минато.
Две третини од партиските лидери гласаа за почеток на процедура против Хеке, кој е лидер на АФД во сојузната држава Тирингија.
Неговото исфрлање...