Бензините од ноќеска поевтинуваат

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе изнесува 77 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари

-

Малопродажните цени на моторните бензини од ноќеска се намалуваат за половина денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе изнесува 77 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари.

Во меѓувреме, цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Дизел горивото и понатаму чини 69,5 денари за литар, додека маслото за горење се продава за 69 денари за литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...