Втор ден на Демократската национална конвенција: Барак и Мишел Обама ја енергизираа публиката

Други говорници на конвенцијата беа Берни Сандерс, сенатор и поранешен кандидат за претседател, Стефани Гришам, поранешен портпарол на Трамп, која остро го критикуваше,

-

Вториот ден на Демократската национална конвенција продолжи со истата енергија од првиот ден. Меѓу говорите кои се истакна беа тие на Барак и Мишел Обама, Берни Сандерс и Стефани Гришам, пренесуваат Гардијан и „Асошиејтед прес“.

Поранешниот претседател Барак Обама со оптимистички став ја поддржа демократската кандидатка за претседател Камала Харис. Тој и поранешната Прва дама Мишел Обама алудираа на слоганот на неговата прва кампања за претседател во 2008 година – „Надеж“.

„Полн сум надеж, бидејќи оваа конвенција отсекогаш била добра кон децата со необични имиња кои веруваат во земја каде што сè е можно“, рече Обама, хумористички истакнувајќи ги своето име и името на Камала Харис, но и со тоа индиректно потенцирајќи дека двајцата доаѓаат од семејства на етнички малцинства.

Обама го искористи својот говор за да го исмее и критикува републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Тој истакна оти Трамп има „чудни опсесии“ со колкава публика има на неговите настани, со теории на заговор и со детски и недолични надимаци за други политичари. Поранешниот претседател рече дека некаде прочитал дека Трамп се однесува како сосед кој ја користи својата дувалка за лисја секоја минута од секој ден.

„Харис има работено за тоа што го има постигнато и всушност се грижи за проблемите и животите на другите луѓе. Таа не е соседот со дувалка за лисја, таа е соседот што брза да ви даде помош кога ви треба“, рече Обама.

Мишел Обама, пак, го исмеваше Трамп за неговата изјава дека имигрантите краделе „црнечки работни места“, велејќи дека можеби е време претседателската позиција да биде токму таква работа.

Прогресивниот сенатор Сандерс го искористи својот говор за да истакне политики кои тој смета дека Демократската партија треба да ги имплементира доколку Харис победи. Тие вклучуваат полесно достапно здравство, повисока минимална плата и поевтино високо образование. Тој истакна дека прогресивните политичари треба да внимаваат на влијанието на милијардерите во изборниот процес и да не дозволат тие „да ги купат изборите“. Сандерс исто така ја спомена војната во Газа, барајќи итно да се најде решение за примирје и за ослободување на израелските заложници.

Впечатлив беше и говорот на Стефани Гришам, поранешен портпарол на Трамп, која остро го критикуваше поранешниот претседател, велејќи дека тој „нема емпатија, нема етички вредности и нема доверба во вистината“. Таа напомена ситуација кога тој бил на посета во болница и се нервирал оти немало камери да го снимаат.

Харис, пак, беше на митинг во Висконсин – во еден момент се вклучи онлајн на конвенцијата во Чикаго. Според „Асошиејтед прес“, тоа што кампањата на Харис држи митинзи сред конвенцијата покажува дека иако моментално преовладува позитивна енергија во Демократската партија, таа сè уште е свесна дека има голем потенцијал да се блиски резултатите на претседателските избори во ноември и ја користи секоја прилика за да се промовира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...