Вкупно 120 луѓе го гаснат пожарот на Галичица

Денеска до 13 часот имало 22 пожари, од кои 3 се изгаснати, 10 се активни, а 9 се ставени под контрола

-

Вкупно 120 луѓе го гаснат пожарот на Галичица, кој се протега од двете страни на планината – и од страната на Преспанското и од страната на Охридско Езеро. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека ренџери на НП Галичица, доброволци, планинска спасителна служба од Охрид, пожарникари се обидуваат да ги скротат пламените јазиции.

„Има многу неексплодирани минско експлозивни средства, а повеќе од 100 експлозии се слушнале откако гори овој пожар, што дополнително го отежнува гаснењето“, вели Стојанов.

Пожарот во НП Галичица се разгоре на 5 август годинава и истиот започна од албанска страна, а потоа се прошири и на македонска.

Денеска до 13 часот имало 22 пожари, од кои 3 се изгаснати, 10 се активни, а 9 се ставени под контрола.

На територијата на Македонски Брод, во Јасен и Белице пожарот го гасне еден хеликоптер на МВР, 40 припадници на армијата, пожарникари, а таму сè уште делумно гори борова шума.

Ангелов вели дека дел од пожарите се предизвикани поради невнимание, но дел и поради криминални мотиви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...