Евтаназирана слоницата Дуња во скопската Зоолошка

Во објава на Фејсбук од зоолошката градина потенцираат дека никаков вид на третман немало да ѝ помогне на слоницата. Тврдат дека имала симптоми на длабока старост и изнемоштеност, и дека биле констатирани повеќе здравствени проблеми кај Дуња

-

Во Зоолошката градина во Скопје вчера била извршена евтаназија на азиската слоница Дуња.

Од ЗОО Скопје соопштија дека одлуката за евтаназија била донесена по насока на сопствениците кои ја позајмија слоницата на нашата зоолошка – „Pairi Daiza“ од Белгија, заедно со тим експерти – ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови, кои ја прегледувале слоницата.

Во објава на Фејсбук од зоолошката градина потенцираат дека никаков вид на третман немало да ѝ помогне на слоницата. Тврдат дека имала симптоми на длабока старост и изнемоштеност, и дека биле констатирани повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеесетгодишна слоница.

Таа имала проблеми со вилицата и забите, а ден претходно бил направен преглед и констатиран бил комплексен дентален проблем.

Дуња најголем дел од својот живот го поминала во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа.

По забраната за користење на животни во циркуси точки, Дуња патува во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека, за жал, поради трауматичното минато, нема да можат да живее во социјална група со други слонови, па во 2018 година е донесена во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...