Андоновска: Среде епидемија на голема кашлица, ќе останевме без реагенси за оваа болест

Ако не бевме овде да интервенираме и да ги вклучиме фрижидерите, штетата ќе беше голема. Оставаме да се испита дали е случајно или намерно“, рече директорката Андоновска,

-

Вчера бев известена од вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дека не функионираат дел од фиржидерите на одделот на микробиологија, во кој се чуваат реагенси за најразлични заразни и незаразни болести. Меѓу нив се и оние за голема кашлица, а ако не реагиравме на врме, ќе останевме и без нив, и тоа среде епидемија на пертусис. Ова денеска го изјави директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, по инцидентот кој се случил вчера попладне, кога вработен во ИЈЗ ја исклучил струјата од фрижидерот и комората во кои се чуваат реагенси за болести.

„Се работи за еден фрижидер и една комора. Во нив се чуваат важни реагенси кои би детектирале низа на заболувања. Ако не бевме овде да интервенираме и да ги вклучиме фрижидерите, штетата ќе беше голема. Оставаме да се испита дали е случајно или намерно“, рече Андоновска.

Она што е симптоматично, според директорката, е тоа што во ИЈЗ има табли на кои има стотина осигурувачи, но во случајот биле спуштени само тие два кои биле поврзани со фрижидерот и комората.

„Дали е тоа случајно или не, не знам. Не знам колку време биле исклучени, ги проверуваме дали се оштетени реагенсите или не. Кај нас постои сомнеж за извшена диверзија, но дали е сето тоа така, оставаме на институциите на системот да истражат“, рече Андоновска.

Јавното обвинителство денеска итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...