Поранешниот руски радарски систем „Дуга“ претставен како мамутски ХААРП систем во САД

Вистиномер изврши пребарување на Гугл на фотографии од видеото и дојдовме до податок дека на видеото е прикажан „Дуга“ – руски радарски систем над хоризонтот (OTH), што се користел во Советскиот Сојуз како дел од неговата радарска мрежа за рано предупредување за ракетна одбрана

-

Вистиномер изврши пребарување на Гугл на фотографии од видеото и дојдовме до податок дека на видеото е прикажан „Дуга“ – руски радарски систем над хоризонтот (OTH) што се користел во Советскиот Сојуз како дел од неговата радарска мрежа за рано предупредување за ракетна одбрана, објави Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Објава на Фејсбук споделува видео за кое тврди дека прикажува мамутски ХААРП систем во Америка.

Mamutski HAARP SISTEM vo Amerika , USA, стои во објавата.

Вистиномер изврши пребарување на Гугл на фотографии од видеото и дојдовме до податок дека на видеото е прикажан „Дуга“ – руски радарски систем над хоризонтот (OTH), што се користел во Советскиот Сојуз како дел од неговата радарска мрежа за рано предупредување за ракетна одбрана.

Принтскрин од видеото во објавата
Воздушен поглед на остатоците од поранешниот радарски систем Дуга во напуштена воена база во зоната на исклучување Чернобил, Украина / Фото: Colourbox

Видеа од овој поранешен руски радарски систем може да се најдат тука и на социјалната мрежа Тик Ток.

Повеќе за овој џиновски напуштен радар може да се прочита тука.

HAARP, програма на Универзитетот во Алјаска Фербенкс, која беше управувана од американската војска помеѓу 1990-2014 година, користи опрема со висока фреквенција за проучување на горната атмосфера. Теориите на заговор за програмата тврдат дека владите го користат HAARP за тајно да го променат времето или да ја поврзат програмата со природни катастрофи.

Род Бојс, портпарол на HAARP, за Ројтерс изјавил дека „HAARP е самостоен објект лоциран во близина на Гакона, Алјаска“.

Имајќи ги предвид сите погоре наведени факти, заклучуваме дека објавата што ја анализираме е неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...