Министерството за внатрешни работи соопшти дека рано утрово, во 3:00 часот по полноќ, полицијата во Зајас го привела 46-годишниот Б.У. од кичевското село Бачишта кој бил вратен од привремена работа во Австрија.
Тој претходно вечерта на свадба во с. Бачишта пукал од пиштол марка „Смит и Вестон“ во сопственост на татко му, Р.У. (64) и ги повредил соселаните Е.Е. (33), М.Р. (57) и една малолетничка[iпи. Брзата помош ги пренела во болница каде и им биле констатирани тешки телесни повреди.
Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.
По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.