fbpx

Пукање во Арачиново, ранет возачот на градоначалникот

Инаку пред два месеци, двајца браќа му се заканувале на Ибраими преку пораки на вибер дека ќе го убијат. Тогаш Јавното обвинителство поведе постапка

-

Попладнево во Арачиново, мета на истрели од огнено оружје бил градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во градоначалникот било пукано додека шетал на отворено.

Засега причините за инцидентот не се познати, а во престрелката ранет е неговиот возач, кој во моментов е на операција на Клиниката за торакална хирургија.

Инаку пред два месеци, двајца браќа му се заканувале на Ибраими преку пораки на вибер дека ќе го убијат. Тогаш Јавното обвинителство поведе постапка.

„Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице – градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело“, соопшти тогаш Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во општина Арачиново, како и забрана за приближување и контактирање со градоначалникот Ибраими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Скарлет Јохансон шокирана бидејќи гласот на ChatGPT наликува на нејзиниот

Холивудската актерка Скарлет Јохансон вели оти е „инзервирана и шокирана“ откако го чула својот глас на најновата верзија на ВИ четботот ChatGPT, сметајќи дека тој премногу наликува на нејзиниот,...