fbpx

Вештачката интелигенција е главна алатка во само 3 проценти од германските компании

Секоја компанија треба да размисли за употребата на вештачка интелигенција и да ги искористи можностите - од поголема ефикасност до нови производи или услуги, изјави претседателот на Битком (Bitcom), Ралф Винтергерст

-

Само три отсто од германските компании користат вештачка интелигенција (ВИ) како главна алатка за нивната секојдневна работа, соопшти дигиталното здружение Битком, повикувајќи се на своето истражување, пренесе германската агенција ДПА.

Уште шест отсто од анкетираните компании планираат да почнат да користат апликации како ChatGPT оваа година.

„Секоја компанија треба да размисли за употребата на вештачка интелигенција и да ги искористи можностите – од поголема ефикасност до нови производи или услуги“, изјави претседателот на Битком (Bitcom), Ралф Винтергерст.

Во следните пет години, 13 проценти од компаниите имаат намера да воведат основни модели на вештачка интелигенција како главно средство за работа. Уште 19 проценти планираат да се посветат на новата технологија подоцна.

Повеќе од половина од германските фирми, 54 отсто, не мислат дека воопшто ќе користат вештачка интелигенција.

„Чекањето без работа е погрешна стратегија за вештачката интелигенција“, рече Винтерхорст. „Во текот на изминатите неколку месеци, видовме брз напредок во основните модели со вештачка интелигенција.

Во истражувањето од крајот на ноември до крајот на јануари учествувале 606 компании со најмалку 20 вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...