fbpx

Љупчо Коцевски е новиот државен јавен обвинител

За него едногласно 62 гласаа пратеници присутни во салата

-

Собранието денеска го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. За него едногласно 62 гласаа пратеници присутни во салата.

Претходно предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители.

Обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, додека за Фатиме Фетаи не се расправаше поради нецелосно доставена документација.

Мандатот на Коцевски е шест години.

Тој е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во Републичкото обвинителство.

Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори од Гир, Вархеји, Пленковиќ и Лосон

Честитки за победата на претседателските избори доби денеска Гордана Сиљановска-Давкова. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честиташе победата. „Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на...