fbpx

Поведена постапка против две лица кои му се заканувале на градоначалникот на Арачиново

Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на градоначалникот на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв

-

Јавното обвинителство поведе постапка против две лица кои му се заканувале на градоначалникот на Општината Арачиново. Тие телефонски го вознемирувале градоначалникот, а упатувале и закани преку пораки на Вибер.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, јавен обвинител повел постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело, загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице -градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело“, посочуваат од ОЈО.

Информираат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...