fbpx

Автобусите на ЈСП утре и в сабота по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии

Утре дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот

-

Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, соопштија од ЈСП Скопје. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

По неделен возен ред ќе се вози и в сабота, на 20 јануари, со исклучок на посочените линии кои повторно ќе функционираат по саботен возен ред.

Од ЈСП велат дека утре дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот, додека во сабота сите билетарници ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичницата, пак, сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...