fbpx

Ковачевски со новогодишна честитка: Заедно ќе работиме на исполнување на европската агенда

Тој порача дека оваа година ќе биде година на остварување на европерспективите, односно на работа врз европската агенда

-

Премиерот Димитар Ковачевски на сите граѓани им ја честита Новата 2024 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.

„Во новата година влегуваме со нови можности и нови планови за уште поголеми достигнувања. Граѓаните се пред сè и над сè! И во новата година ќе продолжиме да работиме напорно… Нема да дозволиме никој да биде оставен сам да се справува со предизвиците“, порачува премиерот.

Тој порача дека оваа година ќе биде година на остварување на европерспективите, односно на работа врз европската агенда.

„Ако 2023 година беше година на нови можности, очекувам 2024 да биде година на остварување на европерспективите. Година во која сите заедно ќе работиме на исполнување на европската агенда, на исполнување на нашата втора, долгоочекувана цел по нашето членство во НАТО, а тоа е зачленувањето во ЕУ ”, порача премиерот Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните.

Премиерот Ковачевски во честитката се осврна на постигнувањата во минатата година, но и упати пораки за заедништво.

„Верувам дека старите предизвици се патоказ за нови успеси. Верувам дека можеме, знаеме и умееме! Верувам дека со позитивен дух и енергија, со напорна работа, нема недостижна цел. Сите можеме повеќе и подобро! Да обезбедиме подобар живот за сите и секаде“, порача во новогодишната честитка премиерот Ковачевски, посакувајќи им на граѓаните спокојни новогодишни празници и пријатни мигови со најблиските.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...