fbpx

Попоски на конференција во Виена, посветена на борбата со џихадизмот

-

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Виена ќе учествува на Конференција посветена на „Борбата против џихадизмот – обликување на политика за превенција и реакција.“
На конференцијата, на која ќе учествуваат министрите за надворешни работи и министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците кои од Европа заминуваат за Блискиот Исток и се борат на страната на Исламска држава, како и за нивното враќање во матични земји.
На конференцијата, министерот Попоски ќе има свое излагање, на кое ќе ги презентира преземените и планираните активности на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту „Република“, ни „Северна“ во заклетвата на новата претседателка

Уште од пред почетокот на мандатот на првата жена претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова, имаше невистинита изјава. Во заклетвата пред парламентот Сиљановска Давкова одби да ги каже како...