fbpx

Рама: Отворањето на досиејата не е поради изборни цели

-

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека отворањето на досиејата на поранешната тајна служба Сигурими, не е поради изборни цели, туку поради фактот што тоа е обврска кон сите што настрадале во комунистичкиот режим.

Рама рече дека процесот за проектот „Отворање на досиејата на Сигурими“ почнал веднаш по неговото доаѓање на власт во Албанија.

„Вистина е дека овој проект нема влијание врз економијата на земјата, но тој, како таков, врши едно темелно оддалечување на Албанија од минатото“, смета Рама.

Лидерот на левицата додаде дека отворањето на досиејата создава нова перспектива во градењето демократско општество во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...